Спорт Тупурковски се сретна со претседателот на ИХФ, Мустафа, во Доха

Тупурковски се сретна со претседателот на ИХФ, Мустафа, во Доха

Во Доха, Катар, претседателот на Македонсиот олипмиски комитет (МОК), Васил Тупурковски, се сретна со претседателот на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа.

На средбата, Мустафа изразил големо задоволство од досегашните активности на МОК, на финансиски и на логистички план, во насока на унапредување на ракометот во Македонија и достигнување на највисокото ниво на македонскиот ракомет, во глобални рамки.

Тупурковски изразил благодарност за неговата покана, претседателот, генералниот секретар и спортскиот директор на МОК, да бидат негови специјални гости на СП во Ракомет, во Доха, Катар.

Тупурковски изразил и подготвеност, преку програмите на МОК и на Интернационалиот олимписки комитет (ИОК), да биде продолжена силната поддршка која МОК ја дава на Ракометна федерација на Македонија (РФМ), пред сè, во однос на учество на Медитеранските игри, Европското и Светското првенство.