Свет Свет Тунис бара помош во борбата против џихадистите

Тунис бара помош во борбата против џихадистите

На Тунис му е потребна воена и финансиска помош од Западот за да може да се соочи со исламистичкиот тероризам, а во спротивно, Европа ќе се соочи со џихадистите, изјави Мохсен Марзук, советник на претседателот на Тунис, Бежиј Каид Есебиј.

Властите во Тунис уапсија 12 лица осомничени за учество во терористичкиот напад што го изврши Сејфедин Резгуи убивајќи 38 туристи, од кои 30 државјани на Велика Британија.

– Никој на му помага на Тунис. Тунис е последен ѕид меѓу терористите и Европа. Ако Тунис не успее да се соочи со нив, Европа ќе мора – изјави Марзук.