Македонија Црвен крст на Србија во хуманитарна акција за помош на поплавените во...

Црвен крст на Србија во хуманитарна акција за помош на поплавените во Македонија

Црвен крст на Србија отворил хуманитарен СМС-број за помош на загрозеното население во поплавите во Македонија, јавуваат српските медиуми.

Од Канцеларијата за помош и обнова на поплавените подрачја на Србија упатиле апел до сите кои се во можност да се вклучат во акцијата и да помогнат на загрозеното население во Македонија.

Покрај собирањето хуманитарна помош, кое го организираат Црвен крст на Србија и Канцеларијата за помош и обнова на поплавените подрачја, Владата на Србија, на предлог на премиерот Александар Вучиќ, определила еднократна помош за Македонија во износ од 50.000 евра за помош на поплавените.

Организаторите на хуманитарната акција во Србија, во соопштение испратено до медиумите, потсетуваат на солидарноста и на хуманоста на македонските граѓани во текот на 2014 година, со која исклучително придонеле за намалување на последниците од катастрофалните поплави што ја погодија Србија.