Дописници Црвен крст и ЦУК доставија помош до отсечените села во Охридско и...

Црвен крст и ЦУК доставија помош до отсечените села во Охридско и во Струшко

Заеднички тим на Црвениот крст, на Единицата за спасување на планина и непристапни терени од Охрид, заедно со претставници на Центарот за управување со кризи – Регионалната канцеларија од Охрид, достави помош во прехранбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до загрозените семејства во отсечените села во општина Дебрца, Црвена вода, Издеглавје и Годивје. Онаму каде што не можеше да се стигне, поради високиот снег, беа користени и коњи од месното население.

Волонтерите на Црвен крст во текот на изминативе денови биле активни и во градската средина, особено во стариот дел на Охрид, каде доставувале помош во храна и во лекови за старите лица кои живеат сами и поради својата здравствена состојба и временските услови не можат да излезат од своите домови.

И во наредниот период, додека трае ниската температура и проблемите предизвикани од снегот, екипите на охридскиот Цревен крст ќе бидат во постојана координација со ЦУК-Регионална канцеларија Охрид и ќе бидат мобилни и подготвени да одговорат на предизвиците.