Главна секција Црна се уште опасна за Новаци

Црна се уште опасна за Новаци

Се стабилизира состојба во битолскиот дел на Пелагонија по пресекувањето на патот Битола-Новаци, но и натаму нивото на Црна и излевањето на реката е опасно за домовите на новачани.

Во Новаци поплавени се десеттина куќи од кои една е сосема потопена во вода. Преку пресечениот пат надојдените води на Црна сега се сериозна закана за селата Рибарци и Гнеотино. Утрово во селото Новаци дојде министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој по обиколката на теренот констатира дека пресекувањето на патот била добра проценка, но опасноста и натаму демне особено по најавите за нови врнежи од дожд уште во текот на утрешниот ден.

– Ќе се ангажираме во Новаци да донесеме силни пумпи со чијашто помош ќе можат жителите да ја испумпуваат водата од нивните куќи. По повлекувањето на водата треба да бидат внимателни граѓаните и да ги дезинфицираат своите домови . Кризните штабови треба да бидат на готовс особено утре – рече Јанакиевски.

Во моментов во Битола градоначалниците на пелагонските општини заедно со министерот Јанакиевски и Кризните штабови ги договараат мерки и понатамошните чекори во справувањето со поплавите.

А.Б.