Свет Балкан Црна Гора: Русија да не се меша во внатрешни прашања

Црна Гора: Русија да не се меша во внатрешни прашања

Одлучувањето за потврдата за полноправно членство е во домен на институциите на Црна Гора, пред сè, на Собранието, реагираше црногорското министерство за надворешни работи на повикот на Москва да се спроведе референдум за влез во Северноатлантската алијанса.

Црногорското МНР истакна дека трета страна нема право да коментира ставови за тоа како институциите треба да реагираат за внатрешни прашања.

Претходно портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Заховам изјави дека Црна Гора треба да одржи референдум за приклучувањето кон сојузот, затоа што црногорската јавност има поделено мислење за оваа прашање.