Свет Европа Цистерна со 16 тони бензин експлодираше во подводен тунел

Цистерна со 16 тони бензин експлодираше во подводен тунел

Камион со цистерна со околу 16 тони литри бензин се преврте и експлодира во подводен тунел во близина на Бремангер во Норвешка. Пожарникарите моментно се обидуваат да поминат низ густиот чад и оган за да дојдат до возилото, но целата операција се одвива тешко.

Овој инцидент се случил во тунелот Скате стараум, кој делумно поминува и под вода. Тој ги спојува регионите Бремангерландет и Фреј со норвешкото копно и е долг 1.890 метри. Во најдлабокиот дел е позициониран 91 метар под морско дно.

Постои оправдан страв дека дел од тунелот ќе се урне поради високата температура од големото количество запален бензин.

Засега нема информација дали некој е заробен во тунелот, а тројца луѓе се хоспитализирани поради вдишување опасни гасови.

Неколку семејства се евакуирани од домовите што се во близина на тунелот.