Свет Балкан Ципрас за божикните празници ќе му биде гостин на Вучиќ

Ципрас за божикните празници ќе му биде гостин на Вучиќ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе престојува во Белград како гостин на Вучиќ за време на божикните празници, пренесуваат грчките медиуми.

Ципрас со семејството денеска отпатувал во Белград каде што ќе го помине Божиќ, на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави грчката агенција АНА-МПА.

Грција го слави Божиќ по Грегоријанскиот календар.

Ципрас престојуваше во Белград и на почетокот на овој месец, кога со Вучиќ и со колегите од Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михаи Тудосе разговараа за унапредување на економската соработка, стабилноста во регионот и евроинтеграциите на Србија.