Македонија Централниот одбор на СДСМ заврши, партијата одлучи мандатар да биде Заев

Централниот одбор на СДСМ заврши, партијата одлучи мандатар да биде Заев

Состанокот на централниот одбор на СДСМ заврши и по два часа заседавање, раководството одлучи мандатар за состав на новата влада да биде лидерот на партијата Зоран Заев.

Никој од СДСМ не даде изјави по завршувањето на состанокот, само накратко изјавија дека ќе има соопштение од состанокот.

Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи информираше дека партијата ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.