Економија Цените на индустриските производи во странство пониски за 6,7 проценти на годишно...

Цените на индустриските производи во странство пониски за 6,7 проценти на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во октомври годинава биле пониски за 0,9 отсто на месечно ниво, а за 6,7 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во октомври 2015 година, во споредба со претходниот месец, цените се пониски во секторот рударство и вадење камен за 2,2 проценти, а во секторот преработувачка индустрија – за 0,7 отсто.

Во октомври, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 12,9 проценти, а во секторот преработувачка индустрија – за 6 проценти.