Економија Цените на индустриските производи пониски за 4,4 проценти на годишно ниво

Цените на индустриските производи пониски за 4,4 проценти на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво, односно пониски за 4,4 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто, енергија за 0,6 отсто, интермедијарни производи освен енергија за 0,3 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.

Во септември годинава, во споредба со минатогодишниот септември, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 10,7 проценти, интермедијарни производи освен енергија за 0,9 отсто и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто.