Економија Цените на индустриските производи на странските пазари пониски за 6,3 проценти на...

Цените на индустриските производи на странските пазари пониски за 6,3 проценти на годишно ниво

Во ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 6,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во ноември 2015 година, во споредба со истиот месец претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,4 проценти, а во секторот преработувачка индустрија за 5,3 проценти.