Економија Цената на нафтата и понатаму во слободен пад

Цената на нафтата и понатаму во слободен пад

Денеска продолжија да паѓа цената на нафтата на светските берзи.

Американската лесна нафта поевтини за 58 центи и сега се продава за 45,31 долари за еден барел, додека цената на „брент“ од Северното Море се намали за 54 центи и се продава за 46,05 долари за еден барел.

Цените на нафтата се намалуваат уште од јуни минатата година, но почна забрзано да се намалуваат во ноември кога ОПЕК реши да ја задржи непроменета дневната квота за производство на енергентот на 30 милиони барели.