Економија Цената на нафтата и понатаму се намалува

Цената на нафтата и понатаму се намалува

Цената на нафтата продолжува да опаѓа, па денеска еден барел „брент“ поевтини 92 центи и чини 46,51 долари, а американскиот бренд WTI поевтини 72 центи и чини 45,23 долари за еден барел.

Увозот на нафта во Кина во декември достигна рекордно ниво, првпат надминувајќи 7 милиони барели за едно деноноќие. Но, и покрај огромниот увоз, цената на нафтата продолжува да се намалува.