Економија Царината и „Филип Морис“ заедно во борба против шверцот на тутун

Царината и „Филип Морис“ заедно во борба против шверцот на тутун

Царинската управа и „Филип Морис Тутунски комбинат – Прилеп“ со меморандум за соработка се обврзаа на зајакнување и на координација во борбата против нелегалната трговија со тутун.

Меморандумот го потпишаа директорката на Царинската управа, Наташа Радеска-Крстевска, и генералниот директор на „Филип Морис Тутунски комбинат – Прилеп“, Емре Козлу, претставник на „Филип Морис интернешнал менаџмент“.

– Иако нивото на трговија со нелегални цигари во моментов во Македонија можеби не е толку високо како во некои од соседните земји, ние веруваме дека постојаната будност и кооперативен пристап меѓу регулаторите, агенциите за спроведување на законот и индустријата се клучните елементи за постојана и успешна борба против нелегалната трговија со тутунски производи – изјави генералниот директор на „Филип Морис Тутунски комбинат – Прилеп“, Емре Козлу.