Економија Трошоците за живот во март се минимално зголемени во однос на лани

Трошоците за живот во март се минимално зголемени во однос на лани

Индексот на трошоците за живот во март 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, а има зголемување од 1,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,1 отсто, житата за 1,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто.

Во истиот период, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај оризот за 1,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,1 отсто, а незначително намалување на цените има кај месото, јајцата, рибата, морските плодови, јогуртот.