Економија Трошоците за живот во јануари минимално се зголемени во споредба со претходниот...

Трошоците за живот во јануари минимално се зголемени во споредба со претходниот месец

Трошоците за живот во јануари во однос на претходниот месец се поголеми за 0,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување на трошоците е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,4 проценти, млекото за 1,4 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 проценти, сирењето и урдата за 0,6 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,4 проценти, лебот и месото за 0,3 проценти, јајцата и алкохолните пијалаци за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците за животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 1,3 проценти, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,6 проценти, јогуртот за 0,2 проценти.