Свет Тројца загинати во пад на авион врз куќа во Бостон

Тројца загинати во пад на авион врз куќа во Бостон

Тројца патници во мал авион загинаа кога авионот се сруши на една куќа во Плејнвил, југозападно од Бостон.

Авионот полетал од аеродромот „Ланкастер“ во Пенсилванија и требало да слета на „Норвуд меморијал“ во Масачусетс, но во шест часот по локално време паднал на двокатна куќа.

Четиричленото што живеело во куќата успеало навреме да побегне, пред објектот да го зафати пожар.

Припадници на федералната агенција за истражување на несреќи во текот на денот ќе го посетат местото на несреќата и ќе го истражат случајот.

Идентитетот на загинатите нема да биде откриен сè додека Агенцијата не ги извести нивните семејства.