Свет Европа Тројца загинати и десетмина повредени во експлозија во Харков

Тројца загинати и десетмина повредени во експлозија во Харков

Три лица загинале, а десетина биле повредени во експлозија што денеска се случила во украинскиот град Харков, за време на маршот посветен на годишнината од симнувањето од власт на поранешниот претседател Виктор Јанукович, јавуваат украинските медиуми.

Експлозијата се случила во близина на Халата на спортовите во Харков, каде почнало одбележувањето на годишнината, по што, за кратко време, на местото пристигнале повеќе лекарски и полициски екипи.

Според првичните информации, во експлозијата животите ги загубиле три лица, а десетмина биле повредени, но официјални податоци за жртвите засега нема.