Свет Тројца убиени и 14 ранети војници во Украина

Тројца убиени и 14 ранети војници во Украина

Украинската војска соопшти дека тројца војници се убиени, а 14 се ранети во борбите на истокот на земјата во последните 24 часа.
Портпаролот на војската, Андриј Лисенко, изјави дека „не опаѓа интензитетот на судирите, туку оти престануваат опсежните воени операции“.
Од почетокот на судирите во Украина, досега загинале повеќе од 6.400 лица.
Властите во Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за крешење на мировниот договор од Минск.