Хроника Тројца штипјани одгледувале марихуана во викенд-куќа

Тројца штипјани одгледувале марихуана во викенд-куќа

Тројца штипјани се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, откако при претрес на викенд-куќа во населба во градот, полицијата пронашла насади со марихуана и околу 2.600 семки канабис, информираат од МВР.

Станува збор за Д.Ч. (46), М.Б. (38) и К.С. (35), против кои СВР Штип поднел кривична пријава.

Според полицијата, нивни екипи по добиени сознанија и во консултација со јавното обвнителство, вчера извршиле претрес во викенд-куќа во местото Суитлак, каде пронашле 57 насади со марихуана и 2.657 семки канабис.

„Насадот од страна на пријавените бил подготвен во приземна просторија на викенд-куќата, која ја приспособиле со намера за производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана“, информираат од полицијата.