Свет Балкан Тројца повредени во експлозија пред суд во Измир

Тројца повредени во експлозија пред суд во Измир

Најмалку три лица се повредени во експлозија што одекна пред судот во западниот турски град Измир, јавуваат турските медиуми.

Еден осомничен милитант е убиен во престрелка со полицијата, јавува весникот „Хуријет“, додавајќи дека уште едно лице, наводно, било инволвирано во вооружената престрелка.

Весникот наведува дека експлозијата била предизвикана од автомобил бомба, а „Си-ен-ен Турк“ јавува дека возилото било поставено на паркиралиштето наменето за обвинители и за судии.