Свет Европа Тројца мртви во несреќа со пиротехника во Данска

Тројца мртви во несреќа со пиротехника во Данска

Данската полицијата денеска соопшти дека во два одвоени инциденти со пиротехника на северот на земјата животите ги загубиле три лица, додека две биле повредени, пренесуваат агенциите.

Во соопштението се наведува дека до несреќата дошло при испалување на пиротехничките средства.

Засега е непознато дали двата инцидента, кои се случиле во данската општина Маријагер Фјорд, се поврзани.

Полицијата во округот Север Јутланд, каде се случиле несреќите, не сакала да соопшти повеќе детали за нив до завршувањето на истрагата.