Хроника Тројца дилери добија кривични пријави

Тројца дилери добија кривични пријави

СВР-Битола поднесе кривична пријава против В.Б. (46) од Ресен и О.С. (43) и Т.П. (25) од Битола, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и
прекурзори.

На 20 овој месец, во близина на село Стење, Ресенско, О.С. од В.Б. купил четири килограми и 500 грама наркотична дрога марихуана, по што О.С. се договорил со Т.П. да ја транспортира дрогата до Битола за одреден износ.

Истиот ден, откако најмиле две возила, се упатиле кон Битола, каде што биле запрени од полициски службеници кои пронашле 4,6 килограми марихуана.

На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.