Свет Балкан Тројца убиени во пукање во средно училиште во Босна и Херцеговина

Тројца убиени во пукање во средно училиште во Босна и Херцеговина

Осомничениот бил вработен во училиштето, пукал кон директорката, секретарката и една наставничка на ова училиште и се обидел да се самоубие

Фото: David von Diemar on Unsplash

Напаѓач утрово убил три лица во средно училиште во Сански Мост, Босна и Херцеговина, јавија локалните медиуми.

Тој пукал со автоматска пушка во директорката, секретарката и една наставничка.

Осомничениот потоа се обидел да се самоубие при што се здобил со тешки повреди. Тој бил однесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.

Медиумите во БиХ пренесуваат дека осомниченото лице, кое било вработено во училиштето, извесно време не се согласувал со раководството на училиштето.