Видео Тринаесет загинати во налет на торнадо во Мексико

Тринаесет загинати во налет на торнадо во Мексико

Најмалку 13 лица загинаа во налет на торнадо, кое го погоди градот Сијудад Акуна на северот на Мексико.

Стотина куќи се уништени или оштетени во овој град во државата Коауила, на реката Дел Рио, која ја дели Америка од Мексико.

Невремето во Мексико оштети голем број автомобили и згради, а се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.
Гувернерот на Коауила, Рубен Мореира, за време на посетата на регионот соопшти дека загинале 10 возрасни лица и три деца, а едно дете исчезнало.

Мореира додаде дека 150 лица се хоспитализирани.