Економија Трифун Костовски побара поддршка за спас на Еуростандард банка и прекин на...

Трифун Костовски побара поддршка за спас на Еуростандард банка и прекин на стечајната постапка

Еуростандард банка | Фото: Арбнора Мемети

Бизнисменот Трифун Костовски, еден од најголемите акционери во Еуростандард банка за која е отпочната постапка за стечај по барање на Народната банка, која претходно ѝ ја одзеде лиценцата за работа, побара општа поддршка за неговата намера за спас на банката, односно за прекинување на стечајната постапка.

Во неговото обраќање до јавноста, тој порачува дека иако некој ќе рече дека законски не е можно да прекине стечајна постапка, сепак треба да се гледаат пред сè интересите на граѓаните, односно да не се дозволи законот да биде над нив. Костовски вели дека се пронајдени сериозни купувачи, кои би вложиле големи суми ако прекине стечајната постапка.

„Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните. Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор. Ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија“, порача познатиот бизнисмен.

Според Костовски, ако не се повлече стечајот, оштетените клиенти банката ќе биле „целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето“.