Свет Свет Триесет и седум мигранти загинаа во бродолом кај Либија

Триесет и седум мигранти загинаа во бродолом кај Либија

Најмалку 37 лица загинаа во потонатиот брод со мигранти во близина на либискиот брег.

Ова е втора таква несреќа за само неколку дена, откако во четвртокот пренатрупан брод со мигранти, кои од Либија се обидуваа да стигнат до Италија, потона во близина на градот Зуваре, а животот го изгубија најмалку 200 лица.

По потонувањето на бродот, портпаролот на Црвената полумесечина во Триполи соопшти дека седум тела на илегални мигранти се пронајдени во близина на Комс, но рибарите подоцна откриле уште 30 тела во околината на градот, стотина километри од главниот град на Либија.

Либија стана главна транзитна рута за мигрантите, кои со помош на шверцерите, со бродови бегаат кон Европа.

Според податоците на УНХЦР, бројот на мигрантите кои преку Средоземно Море дошле во Европа, годинава надминал 300.000. На оваа рута, годинава настрадаа повеќе од 2.500 лица, а во црниот биланс не се вброени загинатите во последните 24 часа.