Хроника Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово, соопшти полицијата.
Во престрелката и во тепачката учествувале петмина, од кои тројца добиле тешки телесни повреди и се пренесени во тетовската клиничка болница, додека другите двајца поминале со полесни повреди и се примени во скопскиот ургентен центар.
Тепачката се случила доцна синоќа.
Полициска екипа од СВР – Тетово работи на расчистување на случајот.