Свет Балкан Три деца загинаа во пожар во бегалски камп во Турција

Три деца загинаа во пожар во бегалски камп во Турција

Турската државна агенција денеска соопшти дека во пожар во бегалски камп во близина на границата со Сирија загинале три деца, а повредени се шест возрасни.

Како што пренесуваат турските медиуми, во кампот се наоѓаат околу 20 илјади бегалци од Сирија.

Приватната агенција „Доган“ соопшти дека децата биле на старост меѓу три и осум години. Едно ете загина во пожар кој минатата недела уништи 21 шатор.

Околу 2,7 милиони бегалци од Сирија се наоѓаат во Турција.