Дописници Три дена „граѓанска непослушност“ во Штип

Три дена „граѓанска непослушност“ во Штип

Штип во изминатите три дена интензивно живее со проектот „Живи библиотеки: Архиви на граѓанска непослушност“. Проектот кој опфати десетина активности, завршува денеска со настап на читачката група од Белград „Учитељ незналица и његови комитети“ во 13 часот и со јавно читање на книгата „Национализмот во(н) контекст“ на Здравко Савевски и на Мариглен Демири во 18 часот.

Белградската читачка група претставува жива архива на југословенската хуманистика. Нејзините членови, низ дискусии, размислување, читачки групи и низ дружење,  ги создаваат новото знаење и архиви.

Левичарското движење „Солидарност“ преку читањето на книгата „Национализмот во(н) контекст“ на Здравко Савевски и на Мариглен Демири,  сака да ги прикаже случаите на соработка помеѓу Македонците и Албанците во периодот од Илинденското востание до Народноослободителната војна.

Овие активности се дел од проектот „Живи библиотеки: Архиви на граѓанска непослушност“ на кураторите Ивана Васева и Филип Јовановски.

Во изминатите два дена се одржаа неколку дискусии, јавни читања и донирање книги.