Свет Балкан „Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

Српскиот министер за градежништво изјави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш - Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје

Фото: Мета.мк

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина.

„Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ.

Тој изјави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.