Дописници Трето издание на манифестацијата „Лето на тетовската култура“

Трето издание на манифестацијата „Лето на тетовската култура“

На 20 јули, в понеделник, почнува третото издание на фестивалот „Лето на тетовската култура“ под покровителство на Општина Тетово. Манифестацијата опфаќа различни културни настани, кои ќе се одвиваат на повеќе локации во Тетово, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“, на градскиот плоштад и во просториите на Државниот универзитет – Тетово.

Петнаесет дена тетовци ќе имаат можност да уживаат во настапите на повеќе музички групи од сите жанрови, да погледнат повеќе драмски претстави и слично.

– Посетеноста на оваа културна манифестација од година в година е сè поголема, а воедно зголемен е и интересот за учество во неа – изјави Ахмет Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности при Општина Тетово.
Манифестацијата „Лето на тетовската култура“ ќе заврши на 5 август.