Дописници Трета Меѓународна конференција „Охрид – Водици 2015“

Трета Меѓународна конференција „Охрид – Водици 2015“

На 17 и на 18 јануари, ќе се одржи втората во овој град и трета по ред, Меѓународна конференција „Охрид – Водици 2015“. Конференцијата е посветена на прашања од областа на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и на медиумите.

Во организацијата на Конференцијата се вклучени и Организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот за аудио-визуелни уметности – ЕСРА, Скопје – Париз – Њујорк и Центарот за научно истражување и промоција на културата „HAEMUS“ од Скопје.

Ќе конференцијата ќе настапат предавачи од Македонија, Србија, Бугарија, Франција, Азербејџан, Албанија и од Литванија. Претставник предавач од Охрид ќе биде проф. д-р Рубин Земон од Институтот за социо-културна антропологија на Македонија.

В.М.