Здравје Трета доза вакцина вчера примиле 54 граѓани, целосно вакцинирани 35 отсто од...

Трета доза вакцина вчера примиле 54 граѓани, целосно вакцинирани 35 отсто од вкупното население

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Ако од оваа бројка се изземат малолетните граѓани, тогаш процентот на вакцинирани на возраст над 18 години се искачува на 43,6 отсто.

Како што соопштија од ресорот здравство, во текот на вчерашниот ден 54 граѓани примиле трета доза вакцина, 3.114 примиле втора, а 994 граѓани биле вакцинирани со прва доза.

„Заклучно со 30 септември вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани“, соопшти министерството за здравство.