Свет Свет Трамп не би се осудил да го смени договорот со НАТО, оцени...

Трамп не би се осудил да го смени договорот со НАТО, оцени генерал Павел

Претседавачот со Воениот комитет на НАТО, генерал Петр Павел, синоќа изјави дека предлогот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека САД би можеле да ги напуштат своите договорни обврски кон НАТО се „несериозни“.

Договорот, истакна Павел, е толку обврзувачи и важен за САД и за нејзините сојузници што ниту еден претседател не би се осудил да го смени.

Генерал Павел, во пресрет на Меѓународниот безбедносен форум во канадскиот град Халифакс, рече дека клаузулата на НАТО за колективна одбрана е прилично јасна и истакна дека Северноатлантската алијанса мора безусловно да дојде во одбрана доколку е нападнат некој нејзин член.

За време на предизворната кампања во САД, Трамп ја нарече Алијансата застарена и рече дека ќе ги преиспита финансиските придонеси на сојузниците пред да дејствува во согласност со клаузулата за колективна одбрана.