Свет Трамп е личност со нарушено ментално здравје, обвинија властите на Северна Кореја

Трамп е личност со нарушено ментално здравје, обвинија властите на Северна Кореја

Властите на Северна Кореја денеска го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп дека е „личност со неизлечиво ментално нарушување“, само неколку дена пред неговата прва азиска турнеја.

Трамп и лидерот на Северна Кореја разменија серија навреди и закани во последните месеци откако Пјонгјанг изведе повеќе нуклеарни и балистички тестови.

Севернокорејската агенција КЦНА оцени дека американскиот претседател, кој кон крајот на неделата тргнува на турнеја низ азиските земји, е „мајстор за навредување“.

„Апсолутно му се потребни лекови за да го лечи психичкото нарушување“, наведе КЦНА и додаде дека санкциите што го вовеле САД немаат никаков ефект. Агенцијата истакнува дека говорите на Трамп покажуваат симптоми на „хистерија и грч“.

„Трамп ја покажа својата вистинка природа – воен нуклеарен манијак со дијагноза на неизлечиво ментално нарушување“, стои во текстот на владината новинска агенција.

Американскиот претседател во текот на азиската турнеја ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини.