Свет Трамп бара цврста и одлучна реакција кон Северна Кореја

Трамп бара цврста и одлучна реакција кон Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп им заблагодари на државите што се приклучија кон санкциите за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.

Пјонгјанг во јули тестираше две интерконтинентални балистички ракети.

„По многу неуспех, конечно одлучивме заедно да реагираме на опасноста што ја претставува Северна Кореја. Мораме да бидеме цврсти и одлучни“, напиша Трамп на „Твитер“.

Советот за безбедност на ОН во саботата донесе нова резолуција за Северна Кореја.