Македонија Традиционална средба на воениот врв со одбранбените аташеи во Македонија

Традиционална средба на воениот врв со одбранбените аташеи во Македонија

Денеска во Домот на АРМ, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, остварија традиционална средба со одбранбените аташеи акредитирани во земјава.

Во рамки на средбата, презентирани беа активностите на организациските единици во Министерството за одбрана, како и степенот на реформи и трансформација на Армијата на Република Македонија.