Главна секција „Тортура“, нова истражна постапка на Јанева за апсењето на Љубе Бошкоски

„Тортура“, нова истражна постапка на Јанева за апсењето на Љубе Бошкоски

Катица Јанева, Специјалната јавна обвинителка, на денешната прес-конференција ја најави новата истражна постапка под кодно име „Тортура“.

Како што објасни обвинителката Фатиме Фетаи, „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Предложена е истражна постапка против 7 лица за употреба на прекумерна физичка сила и вулгарности и закани врз Бошкоски на паркингот на кој беше уапсен.