Свет Торнадо широко една милја го погоди Тексас

Торнадо широко една милја го погоди Тексас

Торнадо широко една милја го погоди Северен и Централен Тексас, соопшти Националната метеоролошка служба, додавајќи дека на некои места паѓал град со големина на тениска топка.

Повеќе од 30.000 луѓе во Тексас останале без струја, а најлоша е ситуацијата во Остин, каде 7.600 луѓе останале без електрична енергија.

Агенцијата за вонредни ситуации во округот Џонсон наведе дека засега нема повредени иако бурата однела покриви од куќите и ги поплавила патиштата.