Свет Балкан Торба со експлозив пронајдена во џамија во Косово

Торба со експлозив пронајдена во џамија во Косово

Поголемо количество експлозив било пронајдено во двор во џамија во Глоговац, потврдила портпаролката на косовската полиција, Фљора Ахмети, а јавуваат косовските медиуми.

Имамот на џамијата, Осман Мусљиу, изјавил дека торбата со експлозив била пронајдена кога во дворот имало околу 500 верници, кои дошле на пладневна молитва, а меѓу нив имало и деца.

Мусљиу додал дека во последно време имало повеќе закани за напади од различни страни.

Косовските медиуми, исто така, јавуваат дека во време кога бил пронајден експлозивот, во посета на Србица, место близу до Глоговац, бил американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави.