Свет Свет Топлотниот бран во Индија однесе 1.500 животи

Топлотниот бран во Индија однесе 1.500 животи

Повеќе од 1.500 човечки животи зеде топлотниот бран што ја зафати Индија.

Болниците се преполни со луѓе и повеќе нема место за тие што страдаат од последиците на топлотниот бран. Во некои делови на земјата, температурата се искачила и до 50 Целзиусови степени, а докторите ги предупредуваат луѓето да останат во своите домови и да не излегуваат надвор.

Експертите предвидуваат подолги и поинтензивни топлотни бранови во блиска иднина во Индија, но и во други земји.