Спорт Томи Стефановски, номиниран за личност на годината

Томи Стефановски, номиниран за личност на годината

Потврда за високата класа на Стефановски се двете победи (лани и годинава) на трката на езерото Сен Жан во Канада

Македонскиот маратонец Томи Стефановски, кој годинава го освои второто место во гранпри-серијата светски пливачки маратони, со 51 бод, осум помалку од првопласираниот Жоанес Едел од Франција, е меѓу 12 номинирани за личност на годината во изборот на Светската пливачка асоцијација на отворено (ВОВСА).

За Стефановски, во образложението на номинацијата, меѓу другото, пишува дека во пливањето е четири децении и дека зад себе има шест операции на рамото, што, сепак, не беше пречка тој да биде рамноправен со двојно помладите конкуренти. Потврда за високата класа на Стефановски се двете победи (лани и годинава) на трката на езерото Сен Жан во Канада, која се смета за најпрестижна во серијата.