Македонија Тодоров: Тамара ќе се оперира на државен трошок

Тодоров: Тамара ќе се оперира на државен трошок

Целосно покриени ќе бидат трошоците за изведување оперативен зафат во странство врз деветгодишната Тамара Димовска од Велес, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров. На Тамара, која има проблем со искривување на ’рбетот, ова ќе ѝ биде седма операција.

– Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми, поради што тој ќе биде изведен во странство, а сите трошоци ќе бидат целосно покриени од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување на Македонија – рече Тодоров.