Македонија Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел

Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, еден од донаторите на крстот чии темели утрово беа осветени во општината Бутел, бил претепан од непознати лица, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Како што јавуваат медиумите, Петров бил претепан по завршувањето на настанот на кој тој одржа говор.

Во моментов тој се наоѓа на Ургентниот центар, каде му се вршат компјутерски испитувања, по кои ќе се направи процена дали ќе биде задржан на понатамошно болничко лекување.

Од МВР соопштија дека подоцна ќе објават повеќе детали за овој настан.