Македонија Тодор Петров бара процена за уставноста на Специјалното обвинителство

Тодор Петров бара процена за уставноста на Специјалното обвинителство

Уставниот суд на Република Македонија потврди дека до нив стигнала нова иницијатива за оцена на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, која ја поднел претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, објави „Алсат М“.

Со тоа, во Уставниот суд сега има две барања што можат да ја турнат Катица Јанева од неодамна стекната функција.

Таква иницијатива веќе поднесе адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, кој, иако најави, сè уште не го повлекол своето барање.