Македонија Тирана: Ахмети и Нишани разговараа за постизборната ситуација во Македонија

Тирана: Ахмети и Нишани разговараа за постизборната ситуација во Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа во Тирана разговарал со албанскиот претседател Бујар Нишани за ситуација во Македонија по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември.

Како што јавуваат албанските медиуми, Нишани му ја честитал победата на Ахмети и го поздравил ангажирањето и придонесот на македонските албански партии во изборниот процес и во процесот на демократизација и на интеграција на Македонија.

– Албанија приоритет им дава на добрососедските односи и на партнерството со Македонија – изјави Нишани, додавајќи дека особено е важно да се гарантираат правата на Албанците во Македонија.

Ахмети и Нишани, исто рака, разговарале и за евроатлантските интеграции и изразиле идентичен став дека тие се од суштинско значење и се од голем интерес, не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Ахмети за време на посетата на Тирана се сретнал и со албанскиот премиер Еди Рама, како и со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета.