Македонија Тимоние повикува на воздржаност и на враќање на Македонија на вистинскиот пат

Тимоние повикува на воздржаност и на враќање на Македонија на вистинскиот пат

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека посакуваат кризата што побргу да се реши за да може Македонија повторно да се врати на вистинскиот пат, кон приближување и интегрирање во ЕУ и во НАТО.

– Посакуваме климата да остане воздржана и во вистинска согласност меѓу сите етнички заедници што ја сочинуваат оваа земја – изјави Тимоние при посетата на компанијата „Завар“.

Тој истакна дека е запознаен со писмото на Ѓорге Иванов, но не сакаше да го коментира бидејќи тоа не било адресирано до претседателот на Франција.

– Се запознав со писмото што го упати претседателот Иванов до претседателот на Европскиот совет, претседателот на САД, турскиот претседател и до генералниот секретар на НАТО. Ќе разберете дека воопшто нема да коментирам за писмо кое не е испратено до претседателот на Француската Република. Тоа писмо ќе биде разгледувано во рамки на Европскиот совет в петок – рече Тимоние.