Економија Тевдовски: Стапката на ДДВ за станови останува 5 проценти

Тевдовски: Стапката на ДДВ за станови останува 5 проценти

За прв промет на станови, останува повластената стапка на ДДВ од 5 проценти. Денеска предлог измените на законот за изменување на Законот за додадена вредност влегоа во собраниска процедура.

– Со Предлогот на Законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност се врши пролонгирање на рокот и тоа до 31 декември 2023 година, за примената на повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата – рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Основна причина за измената на Законот за данокот на додадена вредност е да се излезе во пресрет на граѓаните, за поддршка за градежниот сектор, како и другите стопански гранки директно поврзани со градежништвото. Oва ќе има директно позитивно влијание врз домашната економија.